На 26 мај 2025 година, во рамките на програмата „Гевгелија град на културата за 2025 година“, љубителите на традиционалната музика и фолклорот ќе имаат можност да уживаат во уште еден значаен културен настан- Годишниот концерт на Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија. Овој пат, сцената на Народниот театар- Гевгелија ќе им припадне на најмладите членови на Ансамблот, детските групи до 15-годишна возраст, кои со своите настапи ќе ја претстават свежината, енергијата и љубовта кон фолклорното богатство.
Концертот, кој започнува во 20:00 часот, е завршен настан на уште една успешна и плодна сезона за „Бојмија“, а воедно ќе биде и можност да се прикаже дел од годишната работа, трудот и посветеноста на младите членови и нивните кореографи.

