Советот на Општина Гевгелија, на 29 август 2024 година, ќе ја одржи својата 46. седница, на којашто ќе расправа по повеќе предлог-одлуки и решенија, согласно Програмата за работа во 2024 година. Имено, на претстојната седница, ќе се разгледува Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, за период 01.01 – 30.06.2024 година – кумулатив. Како и ќе расправа по Годишните извештаи за работа на училиштата на подрачјето на општина Гевгелија за учебната 2023/2024 година и нивните Годишните програми за работа за учебната 2024/2025 година. Исто така, Советот ќе расправа и по Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за периодот 01.01 – 30.06.2024 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар, со почеток во 10:30 часот.
За работа, е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Гевгелија,
2. Предлог-Решение за верификација на мандат на член на Советот на Општина Гевгелија,
3. Предлог-Заклучок за усвојување на кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година, за период (01.01.2024 – 30.06.2024 година – КУМУЛАТИВ),
4. Предлог-Одлука за одобрување на финансиски средства потребни за реализација на договорот за изведување на градежни работи за доградба на објект за Детска градинка во општина Гевгелија,
5. Предлог-Одлука за давање согласност на Измените на Годишниот план за вработување на Општина Гевгелија за 2024 година,
6. Предлог-Одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување на Општина Гевгелија за 2025 година,
7. Предлог-Одлука за утврдување начин на применување на минимален процент на зеленило во рамки на градежните парцели при изработка и спроведување на деталните урбанистички планови, урбанистичките планови за вон населено место, урбанистичките планови за села, урбанистичките планови за подрачја и градби од државно значење и урбанистичките проекти вон опфат на урбанистички план донесени по јануари 2018 година,
8. Предлог-Одлука за донесување на Техничка исправка во ГУП на град Гевгелија, измени и дополнувања, плански период 2011-2021 општина Гевгелија, (Одлука бр.07-1436/1 од 16.07.2012) за ул. „Новопланирана 2“ и ул. „Новопланирана 6“,
9. Предлог-Одлука за утврдување на Нацрт-Измена и дополнување на Детален урбанистички план за блок 15 (дел 15.10), општина Гевгелија, плански период 2024-2029 година,
10. Предлог-Одлука за донесување на Детален урбанистички план за Урбан блок 15.11 (плански период 2022-2027 година), општина Гевгелија,
11. Информација за извршување на Одлуката за подигање спомен-обележје „Параклис посветен на Св. Архангел Михаил“,
12. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на угостителските објекти во општина Гевгелија,
13. Предлог-Решение за давање согласност за формирање паралелки со помал број ученици во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија за учебната 2024/2025 година,
14. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија за учебната 2023/2024 година,
15. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија за учебната 2024/2025 година,
16. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за екскурзии, излети и вонучилишни активности и други слободни активности на ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија за учебната 2024/2025 година,
17. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија за учебната 2023/2024 година,
18. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма на ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија за учебната 2024/2025 година,
19. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за ученички екскурзии и други слободни активности на ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија за учебната 2024/2025 година,
20. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата и постигнатите резултати на ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци за учебната 2023/2024 година,
21. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци за учебната 2024/2025 година,
22. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за изведување на екскурзии, излети и други вонучилишни активности на ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци за учебната 2023/2024 година,
23. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ООУ „Климент Охридски“ – Миравци за учебната 2023/2024 година,
24. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООУ „Климент Охридски“ – Миравци за учебната 2024/2025 година,
25. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за изведување екскурзии и други слободни активности на учениците од ООУ „Климент Охридски“ – Миравци за учебната 2024/2025 година,
26. Предлог-Решение за усвојување на Годишниот извештај за работата на ООМУ „Васо Карајанов“ – Гевгелија за учебната 2023/2024 година,
27. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ООМУ „Васо Карајанов“ – Гевгелија за учебната 2024/2025 година,
28. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈОУ Дом на култура „Македонија“ – Гевгелија за 2025 година,
29. Предлог-Решение за разрешување член во Управниот одбор на ЈОУДГ „Детска радост“ – Гевгелија, номиниран од Министерството за труд и социјална политика,
30. Предлог-Решение за давање согласност на финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“ – Гевгелија за периодот од 01.01.2024 – 30.06.2024 година,
31. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ЈПКД „Комуналец“ – Гевгелија за 2025 година,
32. Информација од ЈУ МЦСР – Гевгелија за состојбата и изграденоста на архитектонските бариери за лица со посебни потреби на подрачјето на општина Гевгелија.