Советот на Општина Гевгелија ќе заседава на 29 јануари 2024 година. На својата 37. седница, Советот на Општина Гевгелија ќе ги разгледува буџетските Предлог-Програми од областа на културата, спортот, социјалната заштита, еднакви можности и за работа на Локалниот младински совет во 2024 година. Исто така, ќе расправа по Извештаите за реализација на повеќе програми за 2023 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток од 10:30 часот. За работа на 37. седница, е предвиден следниов дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на годишните извештаи од корисниците на финансиски средства од Програмата за финансирање на програмите и проектите од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2023 година,
2. Предлог-Програма за финансирање на програмите и проектите од областа на културата од интерес на општина Гевгелија за 2024 година,
3. Предлог-Заклучок за усвојување на годишните извештаи од корисниците на финансиски средства од Програмата за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2023 годинa,
4. Предлог-Програма за финансирање на спортските активности во општина Гевгелија за 2024 година,
5. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на социјалната заштита за 2023 година,
6. Предлог-Програма за активностите на Општина Гевгелија во областа на социјалната заштита за 2024 година,
7. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за активностите на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2023 година,
8. Предлог-Програма за активностите на Општина Гевгелија во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2024 година,
9. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија за 2023 година,
10. Предлог-Програма за работа на Локалниот младински совет на Општина Гевгелија и службеникот за млади во Општина Гевгелија во 2024 година,
11. Предлог-Правилник за измена и дополнување на Правилникот за утврдување критериуми, услови и постапка за доделување еднократна парична помош,
12. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за субвенционирање на потрошувачката на основните комунални услуги,
13. Предлог-Решение за предлагање член во Управниот одбор на Меѓуопштинскиот центар за социјални работи – Гевгелија од редот на вработените во општинската администрација на Општина Гевгелија.
14. Предлог-Заклучок за усвојување на годишните извештаи од корисниците на финансиски средства од Програмата за финансирање на проекти, манифестации и значајни настани на месните заедници во општина Гевгелија за 2023 година,
15. Предлог-Заклучок за усвојување на годишните извештаи од корисниците на финансиските средства од Програмата за финансиска поддршка на НВО секторот од општина Гевгелија за организирање програмски активности во 2023 година,
16. Предлог-Одлука за прифаќање на донација од Фондацијата „ИЦЕ БЕГОВ“ – Скопје,
17. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за работата на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Гевгелија за 2023 година,
18. Предлог-Заклучок за усвојување на Програмата за работа на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во Гевгелија за 2024 година,
19. Предлог-Решение за давање согласност на Програмата за работните активности на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за 2024 година.