Советот на Општина Гевгелија, на 4 јуни 2025 година, ќе ја одржи својата 63. седница, во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа на седницата, е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Одлука за измени и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2025 година;
2. Предлог-Одлука за подигање спомен-обележје – биста на д-р Александар Сингер;
3. Предлог-Одлука за формирање Одбор за подигање спомен-обележје – биста на д-р Александар Сингер;
4. Предлог-Решение за именување претседател и членови на Комисијата за распределба на недвижен имот- простории во сопственост на Општина Гевгелија без надоместок од страна на Здруженија на граѓани, фондации и сојузи со седиште во општина Гевгелија;
5. Предлог-Одлука за донесување техничка исправка во УПС Прдејци, општина Гевгелија (Одлука бр. 09-1864/1 од 24.07.2015) за ГП 3.2 И ГП 14.13;
6. Предлог- Одлука за определување ширина на крајбрежен појас на водотек, канал Рауљ во град Гевгелија за дел од ДУП за Блок 10 (10.5, општина Гевгелија;
7. Предлог-Одлука за определување крајбрежен појас на големи води на крак од канал Рауљ во границите на ГУП на град Гевгелија, Измени и дополнување за плански период од 2011-2021 год. (Одлука бр. 07-1436/1 од 16.07.2012 год.),
8. Информација за состојбата со постапување по барања за утврдување правен статус на бесправноизградени објекти во општина Гевгелиja;
9. Информација со јавното осветлување во населените места во општина Гевгелија;
10. Информација за состојбата со општинскиот линиски превоз на патници во општина Гевгелија и информација за состојбата со авто-такси превозот на патници во општина Гевгелија.