Советот на Општина Гевгелија, на денешната 52. (вонредна) седница, со Одлука го донесе конечниот Детален урбанистички план за Блок 12, КО Гевгелија, општина Гевгелија (плански период 2019-2024 година). На оваа седница, со стручно излагање на проектант и презентација беше претставен конечниот ДУП за Блок 12, КО Гевгелија, општина Гевгелија (плански период 2019-2024 година) пред членовите на Советот на Општина Гевгелија.
Имено, Конечниот Детален урбанистички план за Блок 12, КО Гевгелија, општина Гевгелија (плански период 2019-2024 година) зафаќа површиа од 115, 282 ха. Границата на планскиот опфат е дефинирана:
– на северната страна по осовината на магистралната сообраќајница булевар „Гевгелија“ и продолжува на североисток по осовината на регионалниот пратен правец P1120;
– на источната страна по осовина на регулирано речно корито на река Рауљ и продолжува по осовината на водотекот на коритото на река Вардар, каде што во целост се совпаѓа со границата на планскиот опфат на ГУП Гевгелија;
– на јужната страна границата е дефинирана по осовина на водотек на реката Сува Река и
– на западната страна границата се протега по осовините на постојните сообраќајници, ул. „Железничка“ и ул. „Борис Кидриќ“ и во пресечна точка се спојува со осовина на магистраната сообраќајница булевар „Гевгелија“.
Просторот опфатен со конечниот ДУП за Блок 12, КО Гевгелија, општина Гевгелија (плански период 2019-2024 година) се состои од следните намени: Б1 – мали комерцијални деловни намени, Б2 – големи трговски единици, Б3 – големи угостителски единици, Б5 – хотелски комплекси, Г2 – лесна и незагадувачка индустрија, Г3- сервиси, Г4 – стоваришта, Д1- паркови и зеленило, Д2 – заштитно заленило, Е1 и Е2 – комунална инфраструктура и супраструктура.