Единицата за имплементација на Програмата- ЕИП ги известува граѓаните дека на 6 март 2025 година (четврток), во Народниот театар- Гевгелија ќе се одржи средба на тема: „Претставување на Програмата за наводнување- Систем Конско, геодетско снимање, животна средина и социјални аспекти“. Средбата ќе започне во 19:00 часот. Се покануваат сите сопственици или корисници на земјоделско земјиште од атарот на Гевгелија, Моин и Ново Конско да земаат учество на средбата, на којашто ќе биде презентирана Шемата за наводнување Конско (6.500 ха) и обезбедувањето вода за земјоделците.
Средбата во општина Гевгелија се организира како дел од активностите во рамки на Програмата за наводнување што за нејзиното спроведување е одговорно Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Целта на Програмата е зголемена одржливост на земјоделското производство, со тоа што водните ресурси ќе бидат подостапни и поефикасни и да се подобрат условите за живот на руралното население.
