Централното градско подрачје, добива нова проширена линија за фекална канализација за подобрување на комуналните услуги. Во завршна фаза се градежните активности за проширување на фекалната канализациона мрежа, и тоа на потегот од улиците „Седми ноември“ и „Димитар Влахов“ во централното градско подрачје.
Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, истакна дека новата фекална канализациона линија е со доста поголем капацитет од старата мрежа. Oваа инвестиција, има за цел да ги задоволи потребите на граѓаните кои живеат во централното градско подрачје. Имајќи предвид дека значително се урбанизира овој дел од градот, со изграденоста на објекти за индивидуално и колективно домување. Притоа, потенцира дека локалната самоуправа ќе продолжи со обезбедувањето услови за живот и решавање на проблемите во комуналната ифраструктура со коишто се соочувааат граѓаните. Покрај овој проект, се реализираат и нови за подобрување на комуналната инфраструктура во другите населени места.
Ни треба вашата согласност пред да продолжите на нашата веб-локација.На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашата политика за приватност.You can revoke or adjust your selection at any time under Settings.
На нашиот веб-сајт користиме колачиња и други технологии. Некои од нив се неопходни, додека други ни помагаат да го подобриме веб-сајтот и вашето искуство.Повеќе информации за користењето на вашите податоци може да најдете во нашата политика за приватност.Овде ќе најдете преглед на сите употребени колачиња. Можете да дадете согласност за цели категории или да прикажете дополнителни информации и да изберете одредени колачиња.