И годинава, Општина Гевгелија обезбеди новогодишни пакетчиња за децата чии семејства се во социјален ризик. Пред Новата година, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, традиционално и во присуство на Дедо Мраз им ги подели пакетчињата на децата, во Народниот театар. Притоа, Општина Гевгелија обезбеди новогодишни пакетчиња и подароци и за лицата со попреченост. Градоначалникот Сарамандов, заедно со претставници на општинската администрација, традиционално ги посети Дневниот центар за лица со посебни потреби во Гевгелија и Центарот за лица со попреченост Национална алијанса „Мајка Тереза“- Гевгелија и на штитениците им ги подели пакетчињата и подароците во пресрет на Новата година.
– Последните моменти од 2024 година се прекрасна можност за дружење со најмалите. Дел од работно време го посветив за делење пакетчиња и подароци во пресрет на новогодишните и божиќните празници. Радоста на децата е непроценливо богатство. Секогаш ми е задоволство да се дружам со нашите драги пријатели од дневните центри во Гевгелија. Нивната позитивна и неисцрпна енергија ни дава дополнителна енергија за преостанатите работни обврски- истакна Сарамандов, сумирајќи ги впечатоците од предновогодишната работна агенда.