Во дворот на Детската градинка „Сончогледи“ во Урбан блок 4.4 е уредено ново современо детско катче, наменето за игра, забава и развој на најмладите. Катчето е опремено со софистицирана и безбедна мека подлога, како и со едукативни содржини кои придонесуваат за социјализација и моторен развој на децата. Просторот е збогатен со соодветна урбана опрема и оформен како безбедна, функционална и пријатна средина за најмладите.
– Ме радува тоа што ова детско катче покрај децата од предучилишната возраст, ќе имаат можност да го користат сите дечиња кои живеат во овој дел од градот. Ова е уште еден чекор напред во унапредувањето на условите за згрижување и едукација на најмладите во нашата заедница. Продолжуваме со посветена работа за секое дете во нашата општина, бидејќи тие заслужуваат безбедна, квалитетна и инспиративна средина за раст и развој- истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов.













