Советот на Општина Гевгелија, на својата 39. седница, обезбеди сопствено учество за реализација на одобрените проекти од страна на Бирото за регионален развој. Со донесените измени и дополнувања на веќе донесените одлуки, Советот на Општина Гевгелија донесе Одлука Општина Гевгелија дa издвои сопствено учество во висина од 5.447.806 денари. Од кои, 2.661.118 денари за реализација на Проектот за поставување урбана опрема за детски игралишта во селата Ново Конско, Кованец и Мрзенци и 2. 786.688 денари за реализација на Проектот за поставување урбана опрема- контејнери и канти за рециклирање отпад во градот Гевгелија. Исто така, Советот донесе Одлука и за сопствено учество на Општина Гевгелија во висина од 97.871 денар за реализација на Проектот за изграбда на сервисна улица „Павел Шатев“ во Гевгелија, со којшто локалната самоуправа аплицираше на Јавниот повик на Министерството за локална самоуправа.
Имено, на 39. седница на Советот, беа донесени и други одлуки и решенија за работењето на локалната самоуправа. Имено, на оваа седница, се донесе Програмата за финансирање проекти, манифестации и значајни настани на месните заедници во општина Гевгелија за 2024 година. Како и се усвоија двата Извештаи за реализација на најголемите буџетски програми- за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија и за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2023 година.
Притоа, Советот на Општина Гевгелија го усвои и Планот за запишување на ученици во I година средно образование во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија во учебната 2024/2025 година. Советот ја прифати иницијативата на жителите од населеното место Моин за именување на Младинскиот дом во Моин во чест на прерано починатиот Иван Костадинов. Донесени се и Одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување на градежно земјиште за изградба на доградба на нов тренинг центар и адаптација на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија и Одлука за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во Општина Гевгелија за 2024 година.
На последата седница, од областа на урбанизмот, Советот со мнозинство гласови ги прифати неколкуте иницијативи за изработка на Урбанистички проекти и измена и дополнување на Детални урбанистички планови. Исто така, Домот на културата, Градската библиотека, Работничкиот универзитет и Пионерскиот дом ги образложија Извештаите за работата за 2023 и новите Програми за нивната работа во 2024 година. Членовите на Советот беа информирани за работењето на АД за водостопанство- Подружница „Јужен Вардар“ и за состојбата со речните корита и одводните канали на подрачјето на општина Гевгелија.