Долж каналот „Рауљ“ е обновена веќепостоечката ограда, за што е извршено репарирање и фарбање. Оваа активност е дел тековната акција на Општина Гевгелија за обновување на урбаната опрема на локации во близина на влезот во Гевгелија. Како што истакна градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, ваквите активности дополнително ќе придонесат за подобрување на целокупниот изглед на градот имајќи предвид дека каналот минува покрај булеварот.