На Конкурсот имаат право да учествуваат физички и правни лица: уметници, самостојни уметници, установи од областа на културата со седиште во општина Гевгелија, здруженија на граѓани, трговски друштва, трговци поединци и други правни лица, регистрирани во Република Северна Македонија за дејности од областа на културата, согласно Законот за културата и други позитивни законски прописи во Република Северна Македонија.
Конкурсот ќе трае до 13.11.2024 година.
Пријавите (апликациите) задолжително се преземаат од официјалната веб-страница на Општина Гевгелија www.gevgelija.gov.mk. Пријавите со потребните документи треба да се достават до Општина Гевгелија преку пошта, на адреса: ул. „Димитар Влахов“ бр.4, Гевгелија или во Aрхивата на Општина Гевгелија, најдоцна до 16:00 часот, на последниот ден од завршувањето на Конкурсот, со назнака „Конкурс за финансирање проекти од областа на културата за 2025 година“.
Апликантите задолжително да ги достават пријавите и по електронски пат (Word форма) на следнава е-mail адреса: petarjancev@yahoo.com.
Повеќе информации за условите и потребната документација можат да се најдат на линкот даден во прилог: Конкурс