ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија ги поканува сите љубители на македонскиот јазик, културата и историјата да присуствуваат на престојниот настан по повод одбележувањето на 80 години од законското официјализирање на македонскиот правопис. Свеченоста ќе се одржи на 5 јуни 2025 година (четврток), во хотел „Аполонија“- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот. Излагања ќе имаат проф. д-р Димитар Пандев и публицистот Мишо Китаноски, кои ќе дадат историски и лингвистички осврт на значењето на овој настан за македонскиот јазик и култура.
Донесувањето на азбуката и правописот претставува значаен придонес во чинот на кодификацијата на македонскиот литературен јазик, со којшто е стандардизирана јазичната норма во јазичната практика. Значајниот јубилеј ќе се одбележи во Гевгелија, токму за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“.
