АМД „Дичо Панов“- Гевгелија и годинава собра 47 вљубеници во спортот кои се натпреваруваа на 3. по ред „Гевгелиски велотлон“, којшто се одржа на 18 мај 2025 година, на патеката „Курија“ во близина на Негорските Бањи. Учесниците од повеќе градови во Македонија се натпреваруваа во три дисциплини- возење со велосипед по off road патека, трчање и совладување препреки. Годинешен апсолутен победник на 3. издание на „Гевгелиски велотлон“ е професорот по спорт, Влатко Семенаков од Гевгелија, којшто освои две први места во генерален пласман и со постигнато најдобро време во совладување препреки и трчање. На најдобрите им беа доделени плакети за постигнатите успеси и награден фонд.
„Гевгелиски велотлон“, АМД „Дичо Панов“, којшто е уникатен и адреналински напревар единствен од ваков тип во Македонија, го организира во соработка со Здружението на граѓани „Гевгелија Точак Клуб“. Проектот е поддржан од Општина Гевгелија преку Програмата за финансирање на спортските активности во Општина Гевгелија за 2025 година.


























