23. Детски музички фестивал „Калинка 2025 година“ е подготвен да ги претстави новите детски песнички пред основните училишта и детските градинки во Гевгелија и регионот. Од утре (2 јуни) до 5 jуни 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија, ќе бидат одржани предфестивалските концерти, со почеток од 10:00 часот. Ќе бидат претставени вкупно 18 детски песнички, во кои се опеани најразлични теми. Концертите ќе бидат збогатени и со настапи на хор и бенд при „Калинка 2025 година“, Танцовото студио „Мистик“- Гевгелија и Градскиот детски хор „Божилак“- Гевгелија, како и со настапи на специјални гости од Република Турција и Република Бугарија.
Годинешнава „Калинка“, во организација на ЗГ „Калинка“- Гевгелија, е дел од програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“ и е поддржана од Општина Гевгелија.

