Општина Гевгелија, на 29 април 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 18:00 часот, ќе биде домаќин на едукативната работилница за наставници и родители во рамки на општественото-одговорна кампања на „Макпетрол“: „Крени глас против врсничкото насилство“. Покрај Општина Гевгелија, на оваа едукативна работилница ќе учествуваат и Општините Валандово, Дојран и Ново Село. Со работилницата ќе предводи популарниот актер Сашко Коцев, кој ќе биде придружуван од експертот и психолог, Деспина Стојановска.
По тој повод Општина Гевгелија и „Макпетрол“ ги покануваат: родителите, претставници од Советите на родители и сите оние кои се заинтересирани да присуствуваат на работилницата, сѐ со цел заеднички да се продискутира за оваа актуелна тема, како и за начините на препознавање и решавање на проблемите со врсничкото насилство.
