Совет на Општина Гевгелија, на 49. седница, донесе Одлука и годинава Општина Гевгелија да додели уште 5 стипендии на студенти од општина Гевгелија запишани во прва година на Медицинските факултети во државата- отсек Општа медицина.
За таа цел, формираната Комисија за образование, култура и спорт при Советот на Општина Гевгелија ќе распише Јавен конкурс, а доставените пријави ќе се разгледуваат согласно Правилник за услови, критеируми и правила за доделување стипендии. Висината на стипендиите ќе изнесува 6.000 денари месечно, за 10 месеци во академската година. Средствата за стипендиите се обезбедени од Буџетот на Општина Гевгелија, а ќе се исплаќаат врз основа на склучен договор за стипендија.
Изминативе години, Општина Гевгелија стипендира 21 студент од општина Гевгелија, од кои 16 се запишани на Факултетите за медицина, 3. на Факултетите за електротехника и информатичка технологија, а 2. на Машинските факултети.