Oпштина Гевгелија е најотворена општина заедно со уште 14 единици на локални самоуправи според Индексот на отвореност кон граѓаните и пристап до информации и услуги за 2024 година, чие мерење за процена на добро владение во единиците на локална самоуправа го прави Фондацијата за интернет и општество „Метаморфозис“ во партнерство со Рурална коалиција, а со поддршка од Владата на Швајцарија преку Програмата „Цивика мобилитас“. Имено, Општина Гевгелија го дели 9. место заедно со Општина Градско, со индекс на отвореност за 2024 година од 54%.
Во Извештајот за процена на доброто владеење во единицте на локалната самоуправа преку индексот на отвореност е наведено дека Општина Гевгелија, со висок индекс од 71% и е прва помеѓу 7 локални самоуправи, е најпосветена на планирање и изработка на програми за работа, стратегиски документи за развој, реализација на годишните планови, известување и користење индикатори за мерење успешност на спроведувањето на политиките.