Општина Гевгелија ги повикува: младинските организации, организациите за млади, политичките подмладоци, ученичките и студентски организации и други облици на младинско здружување да номинираат свои претставници, на возраст од 15 до 29 години, за членство во Локалното собрание на млади во Општина Гевгелија.
Повикот трае 15 дена и е отворен до 22 октомври 2024 година.
Повеќе информации за условите, критериумите и потребната документација можат да се најдат на линкот даден во прилог.