Општина Гевгелија организира електронско јавно наддавање за давање под закуп на недвижна ствар. Предмет на електронското јавно наддавање е деловен простор (зграда 1, влез 3), во сопственост на Општина Гевгелија, којшто се наоѓа во Богородица, КП бр. 2030/3. Површината на просторијата е 77 м2. Почетниот износ на месечната закупнина изнесува 8.659,51 денари, односно 0,5 од проценетата вредност чија вкупна висина изнесува 1.731.902 денари. Периодот на закупнина е 5 години. Право на учество на јавното наддавање имаат сите заинтересирани домашни и странски, физички и правни лица кои можат да се стекнат со право на сопственост на недвижни ствари во земјата согласно со закон и кои ги исполнуваат условите дадени во објавата.
Пријавата за учество на јавното наддавање се поднесува електронски преку информацискиот систем за јавно наддавање www.e-stvari.mk и треба да ги содржи сите податоци и докази кои се утврдени во објавата за електронско јавно наддавање. Крајниот рок за поднесување на пријави за учество на електронското јавно наддавање е заклучно со 22.07.2024 година, до 24:00 часот. Јавното електронско наддавање ќе се одржи на интернет- страницата: www.e-stvari.mk. Јавното електронско наддавање ќе започне 25.07.2024 година (четврток), со почеток во 10:00 часот.
Повеќе информации за целата постапка можат да се најдат на следниот линк: Објава бр. 01/2024 за давање под закуп недвижна ствар со електронско јавно наддавање.