Општина Гевгелија е локална самоуправа со високо ниво на транспарентност за 2024 година, според Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер од спроведениот мониторинг на 80. единици на локални самоуправи и Извештајот за извршена проверка на објавените документи и информации кои Општините и Центри за развој на плански региони во РСМ како иматели на информации кои се обврзани да ги објавуваат на своите веб-страни.
Годинава, Општина Гевгелија е на високото 7. место со 57,5 поена од вкупно 25 Општини коишто според мониторингот на Општини и Центри за развој на планските региони за 2024 година се во групата со високо ниво на транспарентност.
За разлика од 2023 година, Општина Гевгелија во 2024 година го подобрила индексот за транспарентност позиционирајќи се на 6. место, со пораст за 16 места помеѓу единиците на локалните самоуправи. Од Општините во Југоисточниот Регион, Општина Гевгелија е 2. по ред ЕЛС со високо ниво, со индекс од 88% проактивна транспарентност.
Целта на мониторингот што го спроведува АЗПСПИЈК е да се детектираат состојбите во спроведувањето на обврската на имателите на информации од јавен карактер за проактивно објавување на 22. категории на информации на нивните веб-страници. Тоа помага во спроведување на одредбите на ЗСПИЈК и зголемување на капацитетите на имателите на информации од јавен карактер во однос на нивна поголема транспарентност и отвореност.