Во ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија, денес, е отворена Книга на жалост за трагично загинатите во дискотеката во Кочани.
Граѓаните на општина Гевгелија ќе можат да се потпишат во Книгата на жалост, во периодот понеделник – петок, од 07:00 до 20:00 часот и сабота од 08:00 до 14:00 часот, во просториите на Библиотеката.
Да се обединиме во болката и да им оддадеме почит на жртвите!
