На 17 април 2025 година, 24 ученика- пијанисти се претставија пред публиката со изведба на класична музика. Велигденскиот концерт што се одржа во ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија донесе музика, инспирација и креативност. Секој настап беше уникатен, а учениците во класите на професорите Влатко Сапламаев и Душко Лазаров ги презентираа својот труд и посветеност во музичката наобразба.
Во рамки на „Гевгелија град на култура за 2025 година“, со своите настапи пред Велигден, гевгелиските музички умтеници им го честитаа најголемиот христијански празник на своите најблиски и поддржувачи.



