Во населеното место Негорци, во тек се градежни активности за подобрување на патната инфраструктура- изградба на нов тротоар кон населеното место Прдејци и реконструкција на улицата „Ристо Бојмалиев“. Градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов, изврши теренски увид во текот на изведбените работи.
Изградбата на тротоарот, во должина од 800 метри, се реализира како резултат на петиција поднесена од група жители на Негорци. Локалната самоуправа, изразувајќи слух и подготвеност да одговори на граѓанските барања, ја започна изградбата на тротоарот со цел да се подобри безбедноста за пешаците и секојдневното движење на жителите.
Додека, реконструкција на улицата „Ристо Бојмалиев“ се спроведува на потег во должина од 760 метри и се реализира како одговор на потребата за санација на коловозот, којшто беше во лоша состојба.
– Во Негорци, се реализираат повеќе инфраструктурни зафати кои произлегуваат директно од барањата на жителите. Гласот на граѓаните е наш најсилен водич. Заедно ја градиме нашата општина како подобро место за живеење- истакна градоначалникот Сарамандов.

























