Општина Гевгелија ја информира јавноста дека поради неповолните временски услови, Новогодишниот базар во Гевгелија, наместо на 24 декември 2025 година (среда), ќе започне на 26 декември 2025 година (петок) и ќе трае до 31 декември 2025 година (среда).
Согласно направената измена, дел од активностите планирани за првите два дена од претходната програма се преместуваат, а дневната забавна програма според новиот распоред е следнава:
26 декември (петок)
17:30 – 20:00 часот: Дедо Мраз & Mystic Dance
27 декември (сабота)
16:00 – 18:00 часот: Детски музички фестивал „Калинка“
18:00 – 20:00 часот: DJ Razal Vetalj & DJ Licen
28 декември (недела)
17:00 – 18:00 часот: Ансамбл „Бојмија“
17:00 – 20:00 часот: Face painting за деца
29 декември (понеделник)
18:00 – 19:00 часот: Кристијан Бенито (аниматор за деца и жонглер)
30 декември (вторник)
18:00 – 19:00 часот: Кристијан Бенито (аниматор за деца и жонглер)
31 декември (среда)
Празнична музика – цел ден
Новогодишниот базар ќе се одржува секој ден од 26 до 31 декември, на локација: Градски плоштад- Гевгелија, со штандови со рачни изработки, локални производи, слатки задоволства и богата празнична понуда за деца и возрасни.
Општина Гевгелија се заблагодарува на разбирањето и ги поканува сите граѓани да бидат дел од празничната магија и заедно да ја дочекаме Новата 2026 година.



