Вториот поткаст којшто излезе во јавност е со Љубинка Стамкова од Гевгелија, успешна претприемачка- сопственичка на работилница за торти и колачи „Сан Кејкс“.
Својата амбиција- желба од мала, од конфекционер да биде слаткар, ја остварила преку Програмата Самовработување, којашто е дел од Оперативниот план за услуги на пазарот на труд и активните мерки и програми за вработување. Носител на Програмата е Министерството за социјална политика, демографија и млади, а се имплементира од страна на Агенција за вработување, со поддршка од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).
Серијата поткасти се продукција на Општина Гевгелија и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите при Советот на Општина Гевгелија, активност преку Програмата за активности во областа на еднаквите можности на жените и мажите за 2024 година, којашто има за цел да го промовира женското претриемништво во општина Гевгелија, но и да се поттикнат останатите жени за основање сопствен бизнис.
Сценарио: Петар Б. Јанчев- Пепо, заменик-координатор за еднакви можности во Општина Гевгелија
Видео и монтажа: Васко Трајков
Линк: Поткаст 2