На 1 јуни 2024 година, на подрачјето на општина Гевгелија се изврши и второто прскање против возрасни комарци. Покрај градот, беа опфатени и сите населени места со теристичката адултна дезинсекција во рамки на годинешниот третман против комарци којшто Општина Гевгелија го спроведува самостојно.
Согласно договорот склучен со фирмата за ДДД „Зотокс“ од Скопје, на подрачјето на општина Гевгелија преостанува да се реализира уште по едно ларвицидно и адултно прскање. За терминот на одржување, граѓаните ќе бидат навремено известени