По повод постигнатиот успех- освоено прво место на Државното првенство во фудбал за средни училишта, градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари средба со членовите на победничката екипа од СОУ „Јосиф Јосифовски“, предводена од професорот по спорт и водач на тимот, Никола Караколев.
На приемот, градоначалникот им честиташе на учениците за големиот успех, со кој достојно го претставија своето училиште и градот Гевгелија на државно ниво. Тој истакна дека нивниот труд, дисциплина и тимска работа се пример за сите млади во општината и доказ дека спортот е значаен дел од воспитно-образовниот процес.
Имено, на Државното првенство во фудбал за средни училишта, којшто се одржа на 8 мај 2025 година, во Кочани, учениците од СОУ „Јосиф Јосифовски“ во полуфиналето го победија тимот на ДУФК „Методи Митевски- Брицо“- Скопје, а во финалето тимот на СОУ „Љупчо Сантов“ од Кочани и станаа прваци. Оранизацијата на Дежавното првенство во фудбал за средни училишта е на Федерацијата на училишен спорт.






