И во населеното место Миравци беше присутна теренската патрола за превенција од шумски пожари, при што беа спроведени низа превентивни активности. Патролата беше составена од: претставници на општинската администрација, пожарникари од ТППЕ Гевгелија, полициски службеници и вработени во ЈП „Македонски шуми“- ПСШ „Кожув“- Гевгелија. Тие остварија средби со жителите, информирајќи ги за значењето на навремено преземање мерки за спречување пожари.
Во текот на посетата, жителите добија флаери со упатства за правилно однесување во периоди со висок ризик од шумски пожари, како и информации како да препознаат потенцијални опасности и да ги пријават. Посебно внимание беше посветено на потребата од редовно чистење на сува вегетација во дворовите и на приватните имоти, со цел да се намали ризикот од појава и ширење на пожар.
Овие превентивни акции ќе продолжат и во следниот период, со цел подобрување на безбедноста и заштитата на природата во општина Гевгелија.





