На 3 март 2025 година, во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 18:00 часот, ќе се одржи предавање на тема: „Карцином на дојка“. На предавањето, излагање ќе имаат специјалисти од: Универзитетска клиника за пластична и реконструктивна хирургија, Универзитетска клиника за тораковаскуларна хирургија, Универзитетски институт за радиологија, Универзитетски институт за радиотерапија и онкологија и претставници на Здружение посветено на пациенти со рак и нивни негуватели „ХЕМА – ОНКО“.
Ова предавање е во соработка со Општина Гевгелија, по иницијатива на ЈЗУ УК за пластична и реконструктивна хирургија, со цел ваквите кампањи да бидат што повеќе застапени во текот на годината, не само во Месецот посветен за подигање на свеста за карциномот на дојка- Розовиот октомври. По тој повод, се повикува женската популација од општина Гевгелија и соседните општини, да зеде присуство на предавањето што ќе опфати излагања за превенцијата, дијагнозата и третманот на карциномот на дојка, како и за естетскиот зафат за реконструкција на дојките преку споделување лично искуство на претставничка од „ХЕМА – ОНКО“.
