Завршувањето на изградбата на новиот пазар во Миравци беше означено со свечено пуштање во употреба. Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, заедно со вицепремиерот на Република Македонија, Александар Николоски, во присуство на жители на Миравци и локални функционери, го пуштија во употреба новиот објект, којшто ги исполнува сите услови за непречено одвивање на пазарен ден.
На предавањето, градоначалникот Сарамандов истакна дека потребата од изградбата на нов пазар беше утврдена како приоритетена од жителите на Миравци пред Локалните избори, по што беше и предвиден за реализација во изборната програма. Го изрази своето задоволство што по само неколку месеци од почнувањето на градежните работи ветувањето стана реалност. Исто така, по барање на жителите, просторот е партерно уреден и ограден.
Притоа, беше најавен и проектот за завршување на Западниот булевар во Гевгелија. Имено, по обезбедувањето финансиски средства и избор на најповолен економски оператор, ќе започнат градежните активности. Сарамандов истакна дека овој проект е од големо значење за гевгеличани, со којшто ќе се реши деценискиот проблем во градот со преоптовареноста на сообраќајот.