Пред претставниците на општинската администрација и локалните институции, во Салата на Општина Гевгелија, беше презентирана „Комунити“- интерактивната апликација, со цел да се започне користењето на платформата од нивна страна. Притоа, на присутните им беше одржана еднодневна обука за функционирањето на платформата, регистрација и советување за успешни начини на комуникација со граѓаните, смислување содржини, информации и онлајн создавање настани.
Активностите од Проектот на УСАИД: „Здружи се за заедницата“ во Гевгелија продолжуваат со вториот Комунити карван, којшто ќе се одржи на 31 мај 2024 година, на Градскиот плоштад кај фонтаната, со почеток во 11:00 часот. Карванот е со интерактивна содржина, со цел да поттикне поврзување, соработка и позитивни промени во заедницата, конкретно во Општина Гевгелија, за што посебно следува блок со презентација на младински идеи од 12:00 до 12:30 часот.
Проектот го спроведува Асоцијацијата „Конект“, во соработка со Фондација „Аполонија“- Гевгелија, „Индиго“ и ЕВН- Македонија.