Се известуваат граѓаните на општина Гевгелија дека до 19 март 2024 година, во Општина Гевгелија, ќе можат да поднесат барања до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од невремето кое го погоди Гевгелискиот Регион со врнежи од град, на 7 и 12 март 2024 година. Во Општина Гевгелија, се поднесуваат пријави за штета само на земјоделските објекти и површини, опрема, машини и стока. По останатите пријавени штети, Комисијата нема да постапува.