На 13 септември 2024 година, започнува Фестивалот на храна и пијалоци “Taste the south Gevgelija- Вкуси го југот“. И, годинава, покрај презентацијата на домашна храна, пијалоци и ракотворби во Гевгелија, Фестивалот нуди тридневна богата културно-уметничка програма со настапи на домашните уметници, како од Гевгелија, така и од Македонија.
Програмата ќе ја отворат КУД „Танец“ од Миравци, настапувајќи со традиционални игри од својот репертоар, со почеток во 19:00 часот.
Во 19:45 часот, гевгеличани, како и другите гости ќе ги забавуваат локалното Трио „Хитс“, во состав на Момчило, Слободан и Марија.
Фестивалџиите ги очекува и настапот на Дац и Александар, во 20:45 часот.
Атмосферата ќе ја подигне и Дејан Малзарков со своето stand-up шоу „Диверзија“, а неговиот настап ќе започне во 22:00 часот.
По него, гевгелиската и македонска рок-група „Зијан“ ќе ги запеат своите музички хитови, со почеток во 22:15 часот.
За крајот, следи настапот на Ивица Стојановски- Фиц, некогашниот вокал и гитарист на скопската поп атракција од 90-тите „Студени Нозе“, заедно со својот бенд „Фиц енд Д’инвизиблс“, со почеток во 23:45 часот.
Локација: паркинг пред Градски пазар- Гевгелија


