Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари работна средба со амбасадорот на Австрија, Н.Е. Мартин Памер, во рамки на денешната посета на општина Гевгелија. Првенствено, Сарамандов му се заблагодари на австрискиот амбасадор за неговата посета, по што разговараа за состојбата во општина Гевгелија. Како и за воспоставување поблиска соработка и реализација на заеднички проекти од повеќе области на подрачјето на општина Гевгелија.
Сарамандов изрази уверување дека во иднина ќе има можност за оддржување и продолжување на пријателството.