Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, оствари работна средба со шефот на Секторот за економски и политички прашања во Американската амбасада во Скопје, г-дин Дејвид Мајерс. Сарамандов го истакна задоволството што Мајерс по првпат доаѓа во Гевгелија и што на средбата имаше можност да го запознае со активностите на локалната самоуправа. Имено, стана збор за предизвиците со коишто се соочува локалната самоуправа и за проектите што се приоритетни за реализација за подобрување на условите за живот на граѓаните.
Притоа, пред него, потенцираше дека Гевгелија има одлична местоположба и поволни услови за инвестирање. Сарамандов ја изрази својата волја за понатамошна соработка помеѓу локалната самоуправа и Американската амбасада во Скопје.