Културното чествување на Вознесение Христово- Спасовден 2025 година, во рамки на програмата за „Гевгелија град на култура за 2025 година“, ќе заврши со одржувањето на традиционалната вечер на староградски песни и музика „Распеана чаршија“. Утре (30 мај 2025 година), пред платото на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот, ќе настапат културно-уметничките друштва: „Распеани гевгеличани“- Гевгелија, „Распеани валандовчани“- Валандово, Здружението на пензионери „Сава Михајлов“- Гевгелија, „Распеани струмичани“- Струмица и Вокалната група „Ѓердан“ од Штип.
Пред да се распосла звукот на староградската музика и песна, годинешните учесници на „Распеана чаршија“ ќе го најават нејзиното одржување со дефиле, кое ќе започне во 18:00 часот, поканувајќи ги граѓаните да присуствуваат на вечерната програма.
