Со „Распеана чаршија“- традиционална вечер на староградската песна и музика, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, заврши чествувањето на Спасовден 2025 година. Во рамки на богатата програма за „Гевгелија град на култура за 2025 година“, во Народниот театар- Гевгелија, на 30 мај 2025 година, одекна староградската песна и музика со настапи на нејзините амбасадори- културно-уметнички друштва и вокални групи од Гевгелија, но и пошироко.
„Распеана чаршија“ ја отворија домаќините, КУД „Распеани гевгеличани“- Гевгелија, а во продолжение со богат репертоар програмата ја продолжија „Рапеани валандовчани“- Валандово, Здружение на пензионери „Сава Михајлов“- Гевгелија, „Распеани струмичани“- Струмица и вокалната група „Ѓердан“- Штип. Годинешните учесници со свечено дефиле низ централните улици на Гевгелија нè потсетија дека културата живее кога се негува и се дели со заедницата.
„Распеана чаршија“ останува жив доказ за љубовта кон македонската староградска песна и потреба таа традиција да се негува и пренесува на новите генерации.

























