И во населеното место Моин заврши реконструкцијата на спортското игралиште во дворот на Подрачното училиште. За што, со фудбалски натпревар помеѓу младите од Моин беше означено пуштањето во употреба, во присуство на градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Градоначалникот Сарамандов го изрази своето задоволство што младите во Моин се задоволни од реализацијата на овој проект, нагласувајќи дека Општина Гевгелија продолжува со инвестирањето во сите населени места, со подеднаков третман и градење подобра иднина за младите.
Имено, и Моин е едно од повеќето населените места коешто беше опфатено со акцијата на Општина Гевгелија за реконструкцијата на спортски игралишта и подобрување на условите за спорт и рекреација на младите, односно со поставување тартан подлога, обележување на теренот и ревитализација на урбаната спортска опрема. Во изминатиот период, беа изградени и реконструирани: мултифункционалното игралиште во Давидово, мултифункционалните терени во спортскиот комплекс кај Касарната во Гевгелија, фудбалското и кошаркарско игралиште во дворот на ООУ „Крсте Мисирков“ во Гевгелија, фудбалско игралиште и кошаркарско игралиште во ООУ „Владо Кантарџиев“ во Гевгелија, кошаркарско игралиште „Сава Михајлов“ во Гевгелија, мултифункционалното игралиште во дворот на ООУ „Ристо Шуклев“ во населеното место Негорци и мултифункционалното игралиште во населеното место Прдејци.