Од 13 август 2024 година, продолжуваат програмските активности од „Гевгелиско културно лето“, во организација на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија и ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија.
Августовската програма започнува на тринаесетти, со промоција на книгата „Трибун, хронистерик, номад“ од Александар Прокопиев. Промоцијата ќе биде во хотел „Аполонија“, со почеток во 19:30 часот. Промотор ќе биде Влатко Галевски.
Наредниот ден (14 август), следува Изложбата на плетива „Гобленизација“, збогатена со перформанс на вокално-инструменталниот состав „Чалгија“ во Ликовната галерија „Амам“- Гевгелија. Отворањето на Изложбата е во 20:30 часот.
На 20 август, е предвиден Арт перформансот (Арт диџеј сет) на Теодора Ставрова и Марија Џинова. Местото на одржување е пред платото на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 20:30 часот.
„Поглед во празнината“ е видео-инсталацијата, чиј автор е Ице Капсаров, а којашто ќе биде прикажана на 23 авуст, пред платото на Народниот театар, со почеток во 20:30 часот.
Гевгеличани повторно ќе можат да уживаат во вечерниот концерт на вокалната група „Трио Џентлмен“. Кои дефинитивно ќе ја збогатат културната програма со својот поп и класичен репертоар на 29 август, пред платото на Народниот театар, со почеток во 20:30 часот.
„Гевгелиското културно лето“ ќе заврши со 16. издание на „Бош Фестивалот“, којшто ќе започне на 30 август, со низа активности кои ја претставуваат алтернативната уметност преку ангажирање простори за творење, размена и споделување на културата.