Регионален центар за одржлив развој во соработка со ООУ Крсте Мисирков – Гевгелија, од септември до ноември 2024 година, го имплементира Проектот: „Уметност за едукација и пријателство“, којшто се спроведува во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2. Регионалната програма е финансирана од Европската унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Уметност за едукација и пријателство“, а е кофинансиран од Општина Гевгелија. Целта на проектот е поттикнување на креативност и соработка меѓу учениците.
Проектот ги има следниве задачи: да се зајакнат капацитетите и вештините на младите за креативно изразување; развивање моторика кај младите; уредување на Училиштето со уметнички цртежи и промовирање на инклузивноста преку заеднички активности на учениците. Времетраењето на проектот е 3 месеци, од септември 2023 до ноември 2024 год. Целна групи на проектот се сите ученици од шестто до деветто одделение во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, како и други останати волонтери кои ќе имаат желба да се приклучат во реализација на активностите од Проектот.
Проектот го сочинуваат следниве компоненти:
Компонента 1: Организирање работилница за волонтери: Оваа работилница ќе биде во реализација од 1 ден, каде учесниците ќе се едуцираат за изработката на муралите, ќе даваат нивни предлози и идеи за темата што ќе избрана за цртање на муралите во Училиштето. Работилницата ќе биде под менторство на ликовен уметник кој ќе дава насоки и инструкции како да биде изработен муралот и ќе учествува директно во изработката на муралот заедно со волонтерите. На самата работилница ќе се одреди конкретно што ќе се црта на тема „Пријателство“, кои техники ќе се работат, локацијата на исцртување на муралот и материјали кои ќе бидат потребни за негово цртање.
Компонента 2: Цртање мурали во дворот на Училиштето
Оваа активност ќе биде во времетраење од три недели, со акрилни и фасадни бои, четка и заштитна опрема. Преку оваа активност ќе се развие креативноста и изразувањето на учениците преку уметност. 30 ученика од VI до IX одделение ќе имат можност да бидат вклучени директно во изработка на муралите во Училиштето. За потребите на видливост на иницијативата, ќе бидат испечатени маици за волонтерите вклучени во иницијативата кои ќе ги носат за време на цртањето. Воедно, волонтерите ќе ги носат и за заштита од боите при цртањето.
Активностите во Проектот ќе придонесат кон постигнување на следниве резултати: унапредена креативност и изразување на учениците преку уметност, визуелизација на важни образовни содржини за поедноставно и поинтересно учење, поубаво и поинспиративно училишно опкружување, подобрени вештини – фина моторика кај учениците и подобрено другарство и соработка меѓу учениците.