Вечерва (4 ноември 2024 година), започнува осумдневното чествување со културно-уметничка и спортска програма по повод Општинскиот празник- 7 Ноември. Имено, во Народниот театар- Гевгелија, ќе биде отворена Изложбата проследена со концерт „Без вретено, песна исткаена“, во организација на Етнокореолошкиот оддел при ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија, со почеток во 19:00 часот.
Настанот е концепиран во два дела, првиот е изложба на плетива и ткаеници, како и делови од традиционалната облековна култура – народните носии. Во вториот дел ќе се претстават студенти од Одделот за етнокореологија на Музичката академија при УГД – Штип со концерт на традиционални вокално – инструментални изведби од повеќе етнички предели.
