Во тек е цртањето на муралот на тема „Пријателство“ во ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија. Изминатите денови, во просториите на ООУ Крсте Мисирков – Гевгелија ученици од VI до IX одделение, под менторство на наставникот по ликовна уметност, Александар Јанев, имаа можност да бидат вклучени директно во изработка на муралот во Училиштето заедно со други млади волонтери кои пријавија интерес за учество во оваа активност. За време на цртањето се користат акрилни и фасадни бои, четка и заштитна опрема. Преку оваа активност се развива креативноста и уметничкото изразување на учениците, а истовремено ќе го подобри визуелниот изглед на јавниот простор.
Активноста е дел од Проектот „Уметност за едукација и пријателство“ што го спроведува Регионален центар за одржлив развој во соработка со ООУ Крсте Мисирков – Гевгелија од септември до ноември 2024 година, го имплементира, во рамки на Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан 2 – ReLOaD2. Програмата е финансирана од Европската Унија (ЕУ), а ја имплементира Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП). Проектот „Уметност за едукација и пријателство“, е кофинансиран од Општина Гевгелија.
Целта на Проектот е поттикнување на волонтеризмот кај младите, како и поттикнување на креативност и соработка меѓу учениците, со што ќе се зајакнат капацитетите и вештините младите за креативно изразување, а со тоа ќе се уреди Училиштето со уметнички цртежи.