Во учебната 2025/2026 година во СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија ќе бидат запишани 286 ученика во прва година. Според распишаниот конкурс за запишување на ученици во средно образование од страна на Министерството за образование и наука во гевгелискиот Средноучилишен центар се предвидени 10 паралелки со настава на македонски јазик, според наставни планови и програми за:
Гимназиско образование – 102 ученика, 3 паралелки
Гимназиско образование – 34 ученика, 1 паралелка (македонско – англиска билингвална паралелка);
Сектор Угостителство и туризам – 50 ученика, 2 паралелки
– хотелско-туристички техничар, 4 години, во соработка со компании, 25 ученика во 1 паралелка;
– келнер/готвач, 3 години, во соработка со компании, 25 ученика во 1 паралелка;
Сектор Машинство – 50 ученика, 2 паралелки
– машински техничар за моторни возила, 4 години, во соработка со компании, 25 ученици во 1 паралелка;
– автомеханичар, 3 години, во соработка со компании, 25 ученика во 1 паралелка;
Сектор Економија, право и трговија – 25 ученика, 1 паралелка
– економски техничар/ бизнис администратор
Сектор Здравство и социјална заштита – 25 ученика, 1 паралелка
– забен техничар/ фармацевтски техничар.
Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во јунски со по две пријавувања и августовски уписен рок. Пријавувањето ќе се врши преку електронски, преку порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk. Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 14 до 17 јуни, до 23:59 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 18 јуни, од 08:00 до 19:00 часот и 19 јуни, од 08:00 до 17:00 часот и на 25 јуни 2024 година, од 07:00 до 15:00 часот. Додека, второто електронско пријавување ќе биде на 30 јуни (до 23:59 часот), а доставувањето на потребната документација до училиштата ќе се врши на 1 јули (од 10:00 до 19:00 часот).
Августовскиот уписен рок важи за ученици кои се упатени на поправни испити, испит на година, испити за побрзо напредување и можат да се запишат во училиштата во кои има слободни места и ги исполнуваат условите пропишани во Конкурсот, после јунскиот уписен рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август, до 15:00 часот електронски. Доставувањето на потребената документација до училиштата е на 21 август, од 08:00 часот до 17:00 часот.
Линк за повеќе информации за потребната документација за уписот: https://mon.gov.mk/stored/document/Konkurs%202025-2026.pdf .