Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 39. седница, на којашто ќе ги разгледува Извештаите за реализација на најголемите буџетски програми- за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија и за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2023 година. Исто така, пред Советот ќе уследат Предлог-Одлуки за сопствено учество на Општина Гевгелија за Проектите: „Изградба на сервисна улица Павел Шатев“, „Поставување урбана опрема за детски игралишта во селата Ново Конско, Кованец и Мрзенци“ и „Поставување урбана опрема- контејнери и канти за рециклирање отпад во градот Гевгелија“.
Притоа, од областа на урбанистичкото работење ќе се разгледуваат неколку Иницијативи за изработка на Урбанистички проекти и измени и дополнувања на Урбанистички планови. На 39. седница, ќе се дискутира и по Извештаите за работа на културните институции за 2023 година, како и по Предлог-Програмите за работа за 2024 година. Советот на Општина Гевгелија ќе опшредели и име на Младинскиот дом во Моин. Седницата ќе се одржи на 29 февруари 2024 година (четврток), во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Програма за финансирање проекти, манифестации и значајни настани на месните заедници во општина Гевгелија за 2024 година,
2. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за уредување на градежното земјиште во општина Гевгелија за 2023 година,
3. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за реализација на Програмата за изградба, реконструкција, одржување и заштита на општинските патишта и улици во општина Гевгелија за 2023 година,
4. Предлог-Одлука за сопствено учество на Општина Гевгелија во Проект за изградба на сервисна улица „Павел Шатев“, општина Гевгелија,
5. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализација на Проект за поставување урбана опрема за детски игралишта во селата Ново Конско, Кованец и Мрзенци, општина Гевгелија,
6. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за сопствено учество на Општина Гевгелија во реализација на Проект: „Поставување урбана опрема- контејнери и канти за рециклирање отпад во градот Гевгелија“,
7. Предлог-План за запишување ученици во I година средно образование во СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија во 2024/2025 година,
8. Предлог-Одлука за определување име на Младинскиот дом во Моин,
9. Предлог-Одлука за ослободување од плаќање надоместок за уредување градежно земјиште за изградба на доградба на нов тренинг-центар и адаптација на објект на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија,
10. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2024 година,
11. Предлог-Одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за инфраструктура Е1.8- Водови за пренос на електричка енергија- Изградба на нов подземен кабелски 10(20) kV вод и две нови КБТС 10(20)/0,4 кV, делница од планирана трафостаница на дел од КП бр. 737 КО Ново Конско до столб бр. 72640015 на дел од КП бр. 92/1 КО Моин, општина Гевгелија,
12. Предлог-Одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на Урбанистички проект во опфат на Урбанистички план со намена Г 3.4 и Г 5.5- Хангари за земјоделски машини и складишта за материјали за земјоделски производи на КП 2588/1, КП 2061, дел од КП 2623, КП 2602 и КП 2593, КО Негорци, општина Гевгелија,
13. Предлог-Одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за инфраструктура Е1.8- Водови за пренос на електрична енергија- Изградба на нов подземен кабелски 10(20) kV вод и две нови КБТС 10(20)/0,4 kV, делница од столб број 72640015 на дел од КП бр. 92/1 КО Моин до столб број 72640950 на дел од КП бр. 5894 КО Гевгелија, општина Гевгелија,
14. Предлог-Одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за формирање градежна парцела за градба со намена Г2- Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија на делови од КП 638 и КП 639 КО Ново Конско, општина Гевгелија,
15. Предлог-Одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за Блок 15 (дел 15.10), општина Гевгелија,
16. Предлог-Одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план со намена Г2- Лесна преработувачка и помалку загадувачка индустрија на КП бр. 729, КП бр. 728/1, КП бр. 731/10 и КП бр. 731/17 КО Ново Конско, општина Гевгелија,
17. Предлог-Одлука за прифаќање Иницијатива за изработка на Урбанистички проект вон опфат на Урбанистички план за уредување земјиште со намена Е1.13- Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) на КП 263/2, 263/6, 264/2 и 275 КО Мрзенци, општина Гевгелија,
18. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2023 година,
19. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2024 година,
20. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев “- Гевгелија за 2023 година,
21. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2024 година,
22. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2023 година,
23. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2024 година,
24. Предлог-Решение за усвојување на Финансовиот план на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито “- Гевгелија за 2024 година,
25. Предлог-Решение за усвојување на Извештајот за работа на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија за 2023 година,
26. Предлог-Решение за усвојување на Годишната програма за работа на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито “- Гевгелија за 2024 година,
27. Предлог-Заклучок за усвојување на Извештајот за јавната безбедност на подрачјето на општина Гевгелија за 2023 година,
28. Информација за состојбата со здравствената заштита на населението во општина Гевгелија и состојбата со здравствениот кадар во јавните здравствени установи во општина Гевгелија,
29. Информација за работењето на АД за водостопанство на РМ- Подружница „Јужен Вардар“- Гевгелија за состојбата со речните корита и одводните канали во општина Гевгелија, нивното уредување и користење.