Советот на Општина Гевгелија ќе ја одржи својата 42. седница, на која што ќе расправа по повеќе предлог-одлуки и решенија за работата на Општина Гевгелија и локалните институции. Седницата е закажана за 30 мај, а ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 12:00 часот.
За работа на седницата, е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Заклучок за усвојување на Годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југоисточниот Плански Регион за 2023 година,
2. Предлог-Одлука за одобрување на аплицирање на проект, имплементација (извршување) и обезбедување одржливост на резултатите од проект по Целен (таргетиран) Повик за проектни предлози од ИНТЕРРЕГ VI-A ИПА Програма за прекугранична соработка Бугарија–Северна Македонија 2021-2027,
3. Предлог-Одлука за „Изработка на техничка документација за изградба на пристапни локални патишта до обиколници“,
4. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година,
5. Предлог-Заклучок за усвојување на Кварталниот извештај за извршување на Буџетот на Општина Гевгелија за извештајниот период (кумулативно) за квартал од 01.01.2024 до 31.03.2024 година,
6. Предлог-Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Гевгелија за 2024 година,
7. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште во Oпштина Гевгелија за 2024 година,
8. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на општинските патишта и улици во Oпштина Гевгелија за 2024 година,
9. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за работа во областа на располагањето со градежно земјиште во сопственост на Република Северна Македонија на подрачјето на општина Гевгелија за 2024 година,
10. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2024 година,
11. Предлог-Одлуказа донесување на Техничка исправка за градежните парцели од Блок 1.2, 2.1 и 2.2 од Детален урбанистички план за Блок 1.2, 2.1 и 2.2, општина Гевгелија, со тех. бр. 12/2019, донесен со Одлука број 09-2871/1 од 17.02.2024 година,
12. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија за 2024 година,
13. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија за 2024 година,
14. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2024 година,
15. Предлог-Решение за давање согласност на измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување на ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија за 2024 година,
16. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Ристо Шуклев“- Негорци за 2024 година,
17. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООУ „Климент Охридски“ – Миравци за 2024 година,
18. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ООМУ „Васо Карајанов“- Гевгелија за 2024 година,
19. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУДГ „Детска радост“- Гевгелија за 2024 година,
20. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија за 2024 година,
21. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУ Дом на култура „Македонија“- Гевгелија за 2024 година,
22. Предлог-Решение за усвојување на измените и дополнувањата на Финансовиот план на ЈОУ Работнички универзитет „Кирил и Методија“- Гевгелија за 2024 година,
23. Предлог-Решение за давање согласност на Статутот на ЈОУ Пионерски дом „Јосип Броз Тито“- Гевгелија,
24. Предлог-Заклучок за усвојување на Елаборатот за процена на штета од природна непогода – невреме проследено со дожд и град што ги зафати населените места Гевгелија, Мрзенци, Негорци, Милетково и Богородица на ден 12.03.2024 година,
25. Предлог-Одлука за формирање Одбор за подигање спомен-обележје „ПАРАКЛИС ПОСВЕТЕН НА СВ. АРХАНГЕЛ МИХАИЛ“,
26. Предлог-Одлука за подигање спомен-обележје „ПАРАКЛИС ПОСВЕТЕН НА СВ. АХАНГЕЛ МИХАИЛ“,
27. Предлог-Одлука за одобрување субвенции за набавка на велосипеди,
28. Предлог-Одлука за одобрување финансиски средства на матурскиот одбор на СОУ „Јосиф Јосифовски“- Гевгелија,
29. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на кафе-бар “DAILY” – Гевгелија,
30. Предлог-Решение за давање согласност на Финансискиот извештај на ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија за период 01.01.2024-31.03.2024 година (кумулативно),
31. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цена за снабдување со вода за пиење на ЈПКД „Комуналец“ за периодот 2024-2026 година,
32. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цена за собирање и одведување урбани отпадни води на ЈПКД „Комуналец“ за периодот 2024-2026 година,
33. Предлог-Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на цена за прочистување на отпадни води на ЈПКД „Комуналец“ за периодот 2024-2026 година.