Советот на Општина Гевгелија, на 18 јуни 2024 година, ќе ја одржи својата 43. седница, на којашто ќе го констатира престанокот на мандат на стар и го верифицира мандатот на нов член во Советот. Покрај тоа, ќе заседава по Предлог-Програмата за финансирање проекти и програми од областа на НВО во општина Гевгелија за 2024 година, Елаборатот за процена на штета од природна непогода- невреме проследено со дожд и град што ги зафати населените места: Гевгелија, Мрзенци, Негорци, Милетково и Богордица на 12 март 2024 година, како и по Предлог-Решенија за давање согласност на Годишните планови за вработувања во образовните институции за 2025 година. Седницата ќе се одржи во Малата сала на Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 10:30 часот. За работа, е предвиден следниот дневен ред:
1. Предлог-Решение за констатирање престанок на мандат на член на Советот на Општина Гевгелија,
2. Предлог-Решение за верификација на мандат на член на Советот на Општина Гевгелија,
3. Предлог-Програма за финансирање на проекти од областа на НВО во општина Гевгелија за 2024 година,
4. Предлог-Заклучок за усвојување на Елаборатот за процена на штета од природна непогода – невреме проследено со дожд и град што ги зафати населените места Гевгелија, Мрзенци, Негорци, Милетково и Богородица на ден 12.03.2024 година,
5. Предлог-Одлука за прифаќање донација од компанијата „OКТА“ АД Скопје,
6. Предлог-Одлука за измена и дополнување на Одлуката за прифаќање на Иницијатива за изработка на Измена и дополнување на Детален урбанистички план за дел од Блок 10 (дел од 10.5), општина Гевгелија, (барател: Друштво за трговија на мало „ЛИДЛ Северна Македонија“ ДООЕЛ Скопје),
7. Предлог-Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови во општина Гевгелија за 2024 година,
8. Предлог-Одлука за донесување на Урбанистички Проект со план за парцелација за промена на границите и поделба на ГП бр. 22 од Детален урбанистички план за стопанска зона ,,Блокотехна“- Негорци, општина Гевгелија,
9. Информација за состојбата со постапувањето по барањата за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти во општина Гевгелија,
10. Предлог-Одлука за продолжување на работното време на диско клуб DE FACTO – Гевгелија,
11. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија за 2025 година,
12. Предлог-Решение за давање согласност на Измените и дополнувањата на Годишниот план за вработување на ООУ „Владо Кантарџиев“ – Гевгелија за 2024 година,
13. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Владо Кантарџиев” – Гевгелија за 2025 година“,
14. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Крсте Мисирков“ – Гевгелија за 2025 година,
15. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Ристо Шуклев“ – Негорци за 2025 година,
16. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООУ „Климент Охридски“ – Миравци за 2025 година,
17. Предлог-Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување на ООМУ „Васо Карајанов“ – Гевгелија за 2025 година,
18.Информација од ЈПКД „Комуналец“ – Гевгелија за состојбата и превземените активности за кучињата скитници во општина Гевгелија,
19.Информација од ЈПКД „Комуналец“ – Гевгелија за состојбата со снабдување со вода за пиење во населените места во општина Гевгелија.
See insights and ads
Like
Comment
Share