На 17 и 18 февруари 2026 година, подрачјето на Општина Гевгелија беше зафатено од силен ветер што предизвика материјални штети на објекти, земјоделски површини, инфраструктура и друга сопственост.
Општина Гевгелија ги известува граѓаните кои претрпеле штети дека можат да поднесат барање до Комисијата за процена и утврдување на висината на штетата настаната од природни непогоди и други несреќи при Општина Гевгелија, во работните денови, заклучно со 24 февруари 2026 година (среда), во периодот од 08:00 до 16:00 часот, во просториите на Општина Гевгелија.
Во прилог на барањето, кое може да се подигне од пултот на влезот во општинската зграда, потребно е да се достават:
– имотен лист или договор за закуп (доколку се работи за објект или земјоделско земјиште),
– документи за сопственост на машини, опрема или други средства (доколку се оштетени),
– документи за жива стока (доколку има настаната штета),
– копија од лична карта,
– копија од трансакциска сметка,
како и други релевантни документи во зависност од видот на настанатата штета.
По приемот на барањата, Комисијата ќе постапи согласно законските прописи и ќе изврши увид на терен со цел процена и утврдување на висината на настанатата штета.


