Во ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со брза динамика се реализираат градежните активности за реконструкција на спортската сала. Градоначалникот на општина Гевгелија, заедно со директорката Ружица Икономова, направија увид по завршувањето на зафатите за поставување на бетонската плоча, со цел порамнување на теренот. Подот ќе биде обложен со современа ПВЦ подолога.
Како што истакна градоначалникот Сарамандов, заложбите за вложување во спортската инфаструктура ќе придонесат за подобри услови во образованието и негувањето здрав дух на идните генерации.








