ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија, на 21 мај 2025 година, со богата културно-уметничка програма ќе го одбележи својот Патронен празник. Свечениот настан насловен „Ние, јазикот и уметноста“ ќе се одржи во Народниот театар- Гевгелија, со почеток во 19:30 часот.
Во рамки на програмата, присутните ќе има можност да ги проследи настапи на драмската група „Театар“, училишниот хор и оркестар, како и музичко-сценски настапи на ученици од I до V одделение. Сценариото и режијата се на м-р Мери Олумчева, техничка поддршка е Кристина Младеновска, а музички ментор е Горан Лазаров.
ООУ „Крсте Мисирков“- Гевгелија ги поканува граѓаните од општина Гевгелија заеднички да го прослават Патрониот празник, за чиешто одбележување учениците под менторство на нивните наставници со голема посветеност кон ликот и делото на Мисирков подготвија програма што ќе ја слави убавината на уметноста. Чествувањето на Патрониот празник е дел од програмата за манифестацијата „Гевгелија град на културата за 2025 година“.

